Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Плати и до 2.000 евра, ама им биле малку: Синдикатот на културата со кривична за министерот Љутков, тој им одоговори „барањата се незаконски“

Плати и до 2.000 евра, но од Синдикатот на културата сепак незадоволни.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плати и до 2.000 евра, но од Синдикатот на културата сепак незадоволни. Поднесоа кривична пријава против министерот за култура и туризам Зоран Љутков, бидејќи сметаат дека не биле доволно платени. Тој пак вели дека зад ваквиот потег, стои желба на членовите на Синдикатот, да бидат привилегирани во однос на сите други вработени во јавниот сектор.

Според Љутков тужбата против него е целосно неоснована, бидејќи вработените во културните установи сакале да имаат поголема минимална плата, во однос на онаа која што е според општиот колективен договор во државниот сектор.

Тензиите меѓу министерот и синдикалците почнаа уште утринава, кога беше поднесена кривичната, бидејќи според нив Љутков ја злоупотребил службената положба и овластување и ги повредил правата од работен однос. Не беа расположени да одговорат на прашањата колку плус месечно може да се добие, врз основ на додаток за работа надвор од работното место.

Реклама

-Само се добива додаток на плата за теренска работа, во отежнати услови за работа, за тоа се добива додаток на плата. (Колку може процентуално тоа да стигне од платата?) Не знам тоа зависи од тоа колку дена си работел на терен. (Еве ако сте работеле 15 дена или 20?) Па тоа се пресметува сметководствено, изјави Вера Атанасовска, претседател на СКРМ.

-Ако некој работи во Стоби дали тој треба според вас дали треба тој сам да си обезбеди превоз до Стоби или треба неговата институција да им го обезбеди тоа или треба сам да си го плати превозот до Стоби, кажа една од вработените во културните институции.

Љутков велејќи дека тужбата е целосно неоснована, како пример кажа дека пресметката на основната бруто плата во 2025-та година изнесувала 36.000 денари, додека барањето на Синдикатот било кај нив да се смета на износ од нешто повеќе од 39.500 денари, што е спротивно на законот за минимална плата. 

-Во установите од културата највисоката исплатена основна плата без додатоци и минат труд изнесуваше 83.563 денари, односно кога на овој износ ќе се додадат нели стажот, највисоките плати во културата ќе дојдат нели и 120 илјади денари, а најниската плата во установите од културата е 30.200 денари, изјави Љутков.

Љутков кажа дека од страна на претседателката на Синдикатот, Вера Атанасовска, биле изнесени низа лаги на прес конференцијата, како тоа дека немало покана за средба во Министерството. Вели и дека од страна на синдикалците било одбиено да се изврши анекс на општиот колективен договор, кој предвидува зголемување на платите.

-Општиот колективен договор, предвидел покачување на платите во јавниот сектор за десет проценти од месец септември 2023-та година. Во таа смисла заради усогласување од страна на Министерството за култура било понудено склучување анекс на колективниот договор, што синдикатот го одбил, изјави Љутков.

Од Синдикатот кажаа дека има повеќе од 800 тужби од вработени во културата против институции и државата, а имало над 50 судски пресуди, од кои осум правосилни. За нив не преставувало притисок врз правосудството што до судскиот совет поднеле пријава против апелационен судија, бидејќи не им се допаѓа неговата одлука, еден предмет да го врати на повторно одлучување во првостепена инстанца.

Матеја Петровски