Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Петрушевски: СДСМ го прислушувале Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели

СДСМ го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели. Цели 5 години бил следен претседателот Христијан Мицкоски, како претседател на тогаш најголемата опозициска партија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

СДСМ сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели.

СДСМ 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт.

Реклама

Трагедија е како СДСМ ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт.

За сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките.

Коцевски е главната карика во синџирот на СДСМ за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Истиот тој Коцевски, кој СДСМ силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто.

Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си  и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт.