Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Петрушевски: Преку местење тендери кадри на СДСM и ДУИ се збогатиле за два милиона евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДСM, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина од 2 милиони евра, добиени преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. 

Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДСM и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција, а за таа цел договориле две правни лица од Скопје и Куманово да се јават на тендерот.

Едната фирма од Куманово, била пријавена со непотполна документација и со понудена повисока цена, од другата фирма од Скопје која требала да го добие тендерот.

Реклама

Скопската фирма понудила речиси идентичен износ со проценетата вредност на јавната набавка, иако таа вредност не била објавена во огласот. Со овој чекор, власта на СДСM и ДУИ овозможила на правно лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист од речиси 8 милиони евра.

Дополнително, за да ги прикријат делата, осомничените пуштиле во оптек, примиле и пренеле финансиски средства во вредност од 2 милиони евра, со што извршиле кривично дело перење на пари.

Прашуваме, дали ЕСМ била претворена во организирана криминална каса за партиски и лични интереси? Зошто за овој криминал ЈО не постапувало и чекало да помине толку голем временски период? Дали осомничените се само извршители на дејствието, а политичките нарачатели и заштитници се уште се недопирливи? Дали некој од врвот на минатата власт на СДСM и ДУИ се уште ЈО го штити? Времето на неказнивост помина, правда и одговорност мора да има!