Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

🎥 Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДСM кариера

Прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „Главниот обвинител Коцевски не може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДСM кариера.

Главниот обвинител Коцевски не е самостоен во одлуките, тој секогаш ја има тежината од СДСM врз себе, затоа што тие го спасуваа во Собрание.

Реклама

Ниту еден поранешен функционер, кој беше фатен во криминал, а ги има многу, не одговара, и нема правна разрешница, затоа што на главниот обвинител Коцевски СДСM му стои на глава.

Срамота е како главниот обвинител Коцевски смирено ја прими пораката од СДСM во Собрание, ,,со штитот или на него” и не се обиде ниту да ја осуди или да се огради.

Фрапантно е како може главниот обвинител да игра по нотите на политичка партија.

Народот има под 2% доверба во обвинителството, а со игнорантскиот однос на Коцевски таа доверба ќе се израмни со 0.

Јасно е дека Коцевски ќе седи до крај, и покрај пораките од народот да си оди, тој ќе седи и ќе ги користи своите позиции за СДСM.

Едно треба да знаат и СДСM и главниот обвинител Коцевски, народот точно знае што прават и многу јасно ја виде нивната игра. Одговорност ќе има на избори, а и потоа.“