Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДСМ и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните

Дебаклот на протестот организиран од СДСМ и ССМ докажа кој реално мисли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебаклот на протестот организиран од СДСМ и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните. Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДСМ, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДСМ и политичко профилирање на Трендафилов, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот во саботата кој беше организиран од страна на кадрите на СДСМ облечени во синдикални маички, доживеа дебакл и ги делегитимира ССМ уште повеќе.

Ниту СДСМ, ниту ССМ, а уште помалку Трендафилов и неговата дружина се интересираат за работничките права, нив ги интересираат своите цели и интереси, кои ги добиваат по заслуга на работниците.

Реклама

Работниците и нивните права се злоупотребени од СДСМ и ССМ, само за истите да дојдат до медиумско внимание.

Каде е ССМ, таму е СДСМ. Каде е СДСМ, таму е и ССМ. Меѓу овие две организации веќе нема разлика.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ ќе продолжи и натаму да ги зголемува платите и да го подобрува стандардот на граѓаните.