Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Петнаесетти Марш за ангелите во Кочани, меѓународната заедница активно да го следи судскиот процес

Петнаесетти Марш за ангелите се одржа вечерва во Кочани, четири месеци по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесетти Марш за ангелите се одржа вечерва во Кочани, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица. Маршот стартуваше од Паркот на Револуцијата и продолжи кај кафуле „Класик“ во Трговскиот центар, општинската зграда, Полицијата и Основниот суд.

Родителите чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава, ги исвиркаа институциите покрај кои поминаа, како што велат, револтирани од нивниот однос и затоа што ги сметаат одговорни за несреќата. Од пред Основниот суд во Кочани порачаа дека со протестните маршеви ќе продолжат и понатаму и оти никој не може да ги сопре да дојдат до вистината за нивните деца. Од меѓународната заедница, пак, побараа активно да го следи судскиот процес кога ќе започне. Тоа, според нив, е еден од начините правдата да биде задоволена.

Дел од нивните пораки беа дека се борат за правда и дека не ги интересира политика.

Реклама

– Ние родителите сме од крв и месо, како што беа и нашите деца. Ние се бориме за правда, политика не не интересира. Јавноста нема зашто да не обвинува, ние не лажеме. Еден ден кога ќе се сретнеме во рајот, сакаме да им кажеме на нашите деца дека правдата е задоволена. Но, како што гледам, ништо нема да излезе на виделина. Само сакаат да не нагазат уште повеќе и да не понижат како родители. Оваа не е трагедија, туку убиство на 62 деца, рече пред Основниот суд во Кочани, рече мајка на загинато дете во пожарот од 16 март.

Друга мајка порача дека „некој се обидува преку мртви да гради кариера“ и оти не сакаат „да се препукуваат со нив на социјалните мрежи“.

-Ние не сме партиски определени. За никого не сме. Не сакаме да се препукуваат со нас на социјалните мрежи, да ни велат одете таму, тие ќе ви дадат пари . Нам пари не ни требаат, со пари нашите деца не можеме да ги вратиме. А, судиите право нека судат, многумина се пуштени од домашен притвор и се шетаат по улиците, а нашите деца гнијата во гробовите. И некој да не мисли дека преку нашите мртви ќе гради кариера, порача учесничката на маршот, во организација на Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“.

Кривичниот суд вчера го продолжи притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката. Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.