Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025

Уставниот суд на Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети.

Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на стекнато право и не се темели на реални околности, посочувајќи судска пракса во која веќе е утврдена разлика во исплатите за јануари 2024 година.

Судот ќе ја разгледува и иницијативата поднесена од Здружението на јавните обвинители преку претседателот Елвин Вели. Иницијативата се однесува на измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, за кои подносителот тврди дека го нарушуваат принципот на независност и ја намалуваат предвидливоста на месечните приходи.

Реклама

На дневен ред е и предметот со кој Иван Мирчевски и Александар Видиновски го оспоруваат Правилникот за сообраќајни знаци од 2020 година, тврдејќи дека употребата на кратенката за државна ознака не е во согласност со меѓународните кодови МК и MKD, туку непрописно се користи NMK.

Треба да се разгледуваат и предметите со кои Судот уште во февруари 2025 година поведе постапка за измените на Кривичниот законик, за што беше оставен шестмесечен рок до Собранието да постапи според укажувањата на Судот.

На седницата е вклучен и предметот што се однесува на оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.