Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Павле Трајанов: Во сложени состојби е потребно единство

На меѓународен план се соочуваме со сложени, политички, безбедносни и економски состојби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На меѓународен план се соочуваме со сложени, политички, безбедносни и економски состојби кои имат рефлексии во целиот свет, посебно врз снабдувањето со енергија, изјави лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во гостување на една од националните телевизии.

Воените активности во и околу Иран се доста тешки и со огромни последици, при што многу тешко може да се процени и предвиди како ќе се одвиваат и колку ќе траат, изјави Трајанов, наведува Демократски сојуз во соопштение. 

Поради агресијата на Русија во Украина позаострени се односите на Европската Унија со Русија. Сведоци сме на конфронтации помеѓу САД и ЕУ. Присутни се тектонски раздвижувања и во НАТО.

Реклама

Сите овие процеси ја наметнуваат потребата Македонија да презема краткорочни мерки, но мора и подолгорочно планирање за поефикасно справување со последиците во целина, посебно од воените судири во Иран и Украина.

Неопходни се конкретни мерки за нормално функционирање на сите институции, како и мерки на социјален план. Во оваа насока потребно е единство и вклучување на сите креативни кадри во градењето и спроведувањето на економските мерки.

Во овие сложени состојби, крајно е неприфатливо и неодговорно да се дискредитира и дисквалификува Македонија од европскиот пат со наратив дека Русија има влијание во политиките кои ги води Македонија.

Таа теза е неточна и многу опасна.

Македонија својата надворешна и безбедносна политика целосно ја усогласува со политиките на ЕУ и со силни релации со САД.

Потребно е одговорно однесување и водење сметка за нашите национални и стратешки цели и интереси, а не „печалење“ на ситни политички поени.