Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Паунов: За една општина е многу важно креирањето на политиките да произлегува од комуникацијата со граѓаните

За една општина, особено рурална, важно е креирањето на политиките да произлегува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За една општина, особено рурална, важно е креирањето на политиките да произлегува од комуникацијата со граѓаните. Она што ние, како општина Карбинци, директно го работиме е врз основа на различни форми на комуникација и средби со граѓаните, со жителите од сите населени места, да успееме да ги креираме нашите политики и планови за работа, вели градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов на денешната панел дискусија во рамките на настанот Саем-Отчет, насловена „Граѓаните главни во носењето на одлуките во општините“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека една од тие е преку месните заедници, коишто во руралните средини функционираат на поинаков начин и дека низ такви активности, заедно со месните заедници, претседателите и членството на истите, низ низа средби и состаноци овозможуваат заедничко планирање на функционирањето на општината.

„Важен елемент за едно вакво општество е и планирањето на буџетот, кој што се работи пред реализација, односно претходната година се креира за следната календарска година, да го направите врз основа на идеите и потребите на граѓаните, токму од онаа директна комуникација која што треба еден градоначалник, еден совет или советници да ја има со граѓаните од населените места. Карбинци ги им 29 населени места, каде што потешко функционира прибирањето на информациите за да допрете до секој еден жител и до секое едно населено место, но ние се обидуваме низ низа активности како форуми, заедници или средби групирани на едно место, да ги сознаеме информациите и токму така да ги креираме политиките“, рече Паунов.

Реклама

Додаде дека во изминатите четири години од мандатот, се што е реализирано во општината, произлегуваат токму од заедничките средби со граѓаните.