Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Паунов: Карбинци добива нова спортска сала, се инвестира и во инфраструктурата на општината 

Виктор Паунов, кандидат за градоначалник за општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виктор Паунов, кандидат за градоначалник за општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес истакна дека програмата за локалните избори е изработена да соодветствува со интересите и потребите на граѓаните. Според него, од голема важност е континуитетот во работата, а во своето гостување наброи и дел од проектите кои се во изборната програма.

„За овие четири години реконструираме и изградивме 2 училишта, воведовме еднократна парична поддршка најпрвин во висина од 3.000 денари, потоа ја зголемивме на 5.000 денари и сега во новата програма ќе биде зголемена на 8.000 денари, се работи за парична поддршка на новороденче, ученик којшто е запишан во прво одделение, средношколец во прва година средно училиште и студент на државен универзитет во рамките на државата“, рече Паунов.

Во делот на спортската инфраструктура, Паунов сподели дека до сега, во овие четири години, се вложени повеќе од 15 милиони денари општински средства и додаде дека тоа претставува солиден влог за една општина како што е Карбинци.

Реклама

„Вложивме во делот на повеќенаменски мултифункционални игралишта, изградивме или реконструстуиравме, модернизиравме 5 вакви спортски терени, со модерна тартан подлога, нови реквизити, реконструкцијата којашто ќе се случи наскоро на спортска сала во рамките на училиштето „Страшо Пинџур“ во село Карбинци, формиравме два боречки клуба“, кажа Паунов.

Паунов истакна дека неговата програма е изработена во согласност со потребите на граѓаните и во соработка со нив, при што напомена дека истата ќе биде негова водилка во наредните четири години. Паунов истакна дека мошне е битен континуитетот во работата, во проектите за да можат проектите да се испорачаат и да се исполни програмата. Притоа Паунов ги наведе приоритетните проекти од неговата програма.

 „Мојот клучен проект во следниов мандат, а тоа е обезбедување на плацеви за домување или урбанизација на 14 хектари површина, кадешто ќе обезбедиме 150 вкупно плацеви за индивидуално домување, општината изработи проекти на типски куќи коишто ќе бидат бесплатно дадени на купувачите на овие плацеви и ќе бидат ослободени од комуналии за градба. Изградба на спортска сала во општина Карбинци, реконструкција и на регионалниот пат Штип- Карбинци со проширување на оваа делница, веќе е во фаза на припрема, ќе има нов мост на река Козјачка во селото Козјак, доуредувањето на речното корито на Козјачка река исто така е во една завршна фаза“, заклучи Паунов.