Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Отворени јавни расправи за Нацрт-Деловник и Нацрт Упатство на АВМУ

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти денеска дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти денеска дека на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

-Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за Нацрт-Упатството и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата [email protected]. Јавната расправа ќе трае 45 дена, заклучно со 5 септември 2025 година, наведуваат од АВМУ.

На истата седница Советот на Агенцијата донел и Нацрт-Деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Реклама

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат и во јавната расправа за Нацрт-Деловникот и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата [email protected].

Јавната расправа, во однос на Нацрт Деловникот, како што соопштуваат од АВМУ, ќе трае 30 дена, заклучно со 20 август 2025 година.