Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Отворена војна со нелегалната трговија со „диви„ лекови, медицински суплементи, ботокси и надрилекарства

Ботокси, филери, лекови за потенција, разни препарати за слабеење, суплементи. Црниот пазар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ботокси, филери, лекови за потенција, разни препарати за слабеење, суплементи. Црниот пазар, социјалните мрежи и интернетот се лесна мамка за граѓаните да купат некој ваков производ. Медицински препарати со непроверено потекло, ботокс без  декларација до препарати за потенција кои се продаваат надвор од легалниот систем  беа  цел на заплена од страна на МВР. Само во  вчерашната акција  беа приведени шест лица.  Зад цела оваа нелегална трговија  може да стои потенцијален здравствен ризик велат фармацевтите. Додаваат дека последниот случај со лековите за потенција треба да се сфати како сериозно предупредување. Ако еден производ е нерегестриран  во институциите тогаш немаме потврда за составот, дозата и квалитетот на проиводството.

-Во оваа конкретна ситуација каде станува збор за лекови за потенција каде што најголем ризик можат да бидат одредени непријавени активни супстанци. Честопати овие корисници веќе имаат некоја одредена терапија . Комбинациите и интеракциите во ваква ситуација можат навистина да предизвикаат сериозни ризици, поговото пад на крвниот притисок , срцеви тегоби и можат да бидат доста опасни по нивното здравје–вели фармацевтот Филип Ачоски

Граѓаните треба да имаат во предвид дека се што се декларира како природно не значи дека е и безбедно. Фармацевтите додаваат дека суплементите и лековите треба да се купуваат исклучиво од легални и проверени канали. Пред се тоа се аптеките и секој лек да се зема ислучиво во консултација со лекар или фармацевт.

Реклама

–Доколку ние купуваме производи од непознати страни, онлајн или локации на прекупци на луѓе ние едноставно ја губиме заштитата. Апелот кој што сакам да го дадам дека овие производи често пати не се безазлени носат ризик. Не случајно се поставени толку контроли. Здравствената фела е една од најконтролираните воопшто меѓу другото за да не дојде до нарушување на здравјето на луѓето–вели фармацевтот Филип Ачоски

Апелираат граѓаните да бидат многу  внимателни и никогаш да не купуват лекови, суплементи или други медицински производи доколку не се регистрирани од Министерството за здравство,  МАЛМЕД и Агенцијата за храна и ветеринарство. Инаку во вчерашната акција на МВР И ОЈО ГОКК  беа запленети поголемо количество на препарати за потенција, лекови,  медикаменти и суплементи. Акцијата беше спроведена во Скопје, Тетово и Гевгелија.   Претходно во друг случај Царинската управа откри 199 вијали ботокс, вредни 615 илјади денари а Обвнинителството годинав соопшти и за случај во кој според истрагата фалсификуани медицински лекови и помагала како ии ботокс биле нелегално внесувани, складирани, продавани и аплицирани.