Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Отворен ден за пилоти во организација на Wizz Air

– Авиокомпанијата Wizz Air организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Авиокомпанијата Wizz Air организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка на растот и развојот на своите операции во Скопје. Отворениот ден ќе биде организиран во две области – за искусни пилоти, капетани, копилоти и кадети, како и посебен сегмент на Wizz Air Pilot Academy, наменет за идни пилоти кои се на почетокот од своето авијациско патување.

Настанот, според организаторот, нуди можност на заинтересираните кандидати да се информираат за можностите за вработување и развој на кариера во една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа.

– Овој отворен ден во Скопје е осмислен за да се поврземе со таленти во секоја фаза од нивната авијациска кариера. Настанот обезбедува јасен пат кон успешна кариера во една од најмладите флоти во Европа, со фокус на одлична услуга, сигурност и вредност за патниците“, појаснува Вера Јардан, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.

Реклама

Авиокомпанијата располага со модерна флота од авиони Airbus A320 и A321neo и нуди отворени позиции за пилоти со A321 лиценца, како и за кандидати без лиценца. 

На настанот ќе бидат презентирани информации за операциите на авиокомпанијата, процесот на регрутација и програмите за обука, а учесниците ќе имаат можност директно да се сретнат со претставници на Wizz Air и да поставуваат прашања поврзани со пилотската кариера и академската патека.