Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Откупот на тутунот се интензивира, просечните откупни цени од 420 ден/кг се во рамките на очекуваното

Раниот откуп на тутунското злато се интензивира. Од вкупно 10-те лиценцирани откупувачи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раниот откуп на тутунското злато се интензивира. Од вкупно 10-те лиценцирани откупувачи, најголемиот дел, еден по еден ги отвораат откупните пунктови, а просечната откупна цена од 420 денари за килограм тутун е постигната кај сите откупувачи. Напоредно со ова, и годинава проценката останува на ланските критериуми, односно тутунот да се цени главно во прва класа.

  „Имавме состаноци во Скопје откупувачите да го запазат законскиот рок за да почнат со откуп на тутунот до 15 декември, добриот тутун да се откупува и да се плати добро и да оди на прва класа и одбитокот да биде максимум до 3 посто, односно на долната берба да биде 2-3 посто, а на горните берби да биде до 1 посто. Не дозволивме по овие цени да се откупува по класи, зашто аско дозволевме да се откупува по класи, со овие цени ќе паднеше многу пониско просекот лански, така што ќе го задржиме просекот на овие цени што се од 420 денари“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

  Од Сојузот уверуваат дека се’ до крајот на откупот, a кој е на 28 февруари, тие нема да остапат од барањата за поткревање на постоечките откупни цени. Затоа, остануваат на сила преговорите за ова барање да се решава со анекси на постоечките договори. Инаку, досега се откупени над 500 тони тутун на ниво на држава, кој главно е проценет во прва класа.

Реклама

   „Повеќе од половината го има купено „Кавекс“ – Неготино, а дел има купено, негде околу 300 тони заедно со вчерашниот ден и Тутунски комбинат Прилеп и сето е во права класа. Јас мислам дека нешто фазла е динамиката во овој период за што помогнаа и временските услови. Значи, претходните денови релативната влага беше висока, имаше услови тутунот природно да ја прими влагата, нормално да се спакува  и да се донесе за откуп“, – потенцираше Ристески.

  Инаку, годинава се очекува да бидат откупени околу 22 милиони високо-квалитетен тутун, чија просечна цена заедно со субвенциите, достигнува до над 500 денари за килограм тутун.