Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

🎥 Осум години договор со Бугарија: Самонаречените браќа Заев и Борисов донесоа само негирање на македонскиот јазик и идентитет

Осум години од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Самонаречените браќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум години од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Самонаречените браќа Зоран Заев и Бојко Борисов, со своите потписи донесоа се само не добрососедски односи. Наместо ветеното пријателство, добивме уште поголемо раздалечување меѓу две соседни земји и два соседни народи, како и негирање на македонскиот јазик и идентитет од бугарска страна.

Денес, осум години подоцна официјална Софија, ни е најголемата пречка на европскиот пат, а на први август 2017-та најавите беше сосема поинаку. По потписите во македонскaта Влада, ветувана ни беше светла европска иднина и тоа директно од поранешниот македонскиот премиер Зоран Заев. 

-Република Македонија и Република Бугарија направија историски чекор напред, заедно го поставивме минатото како темел за иднината, изјави Заев при потпишувањето.

Реклама

Мед и млеко течеше и од устата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Со пофалби за властите од двете страни ни вети дека ќе ни бидат главна поддршка на европскиот пат.

-Затоа сакам да го поздравам и премиерот Заев, министрите за надоврешни работи и нивните тимови. Работеа неколку месеци исклучително активно, за да имаме потпишување на договор со толку убаво име, добрососедство, изјави тогаш Борисов.

Дека ситуацијата ќе биде каква што е предупредувања имаше уште при потпишувањето на договорот од страна на Заев и Борисов. Дека целите на Бугарија се далеку од добрососедски покажа и извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот Парламент, каде Софија успеа да издејствува да бидат избришани термините македонски јазик и идентитет.

Успеаја во својата мисија, во срцето на Европа да го оспорат нашиот национален идентитет, што помина кај најголем број од европратениците. Усвоен беше амандаманот со кој се избриша реченицата „целосно почитувајќуи го македонскиот јазик и идентитет“. Од таму бугарските европарламентарци уште еднаш ни порачаа дека мораме да прифатиме се што Софија ќе побара од нас, во овој случај- уставните измени.

-Вметнувањето на Бугарите во сите релевантни делови од Уставот, почитување на договорот со Бугарија од 2017-та и преговарачката рамка, нема да го нарушат вашиот идентитет. Секое пролонгирање на реформите за членство ќе го направи токму тоа, изјави Ивајло Валчев-европратеник од Бугарија.

Од овој договор произлегоа и сите протоколи кои подоцна ги потпишаа македонските и бугарските власти, со кои барањата на Бугарија, станаа дел од преговарачка рамка со ЕУ, односно сега и европски услови. Од добрососедскиот договор произлезе и заедничката историска комисија, која досега договори дека Цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, покрај македонски биле и бугарски, додека пак Самоиловото царство во македонската историографија стана бугарско.

Матеја Петровски