Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Османи: На 19 октомври го сечеме трулиот корен на корупцијата во Чаир

 Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината.

„Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештака интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски.

Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар од парите на граѓаните.

Реклама

-Длабоко вкоренетата корупција во Чаир е корен на сите други проблеми кој по 19 октомври ќе го сосечеме и уништиме, таа ги јаде парите на граѓаните, парите за проекти кои треба да бидат во интерес на граѓаните додека моќници и профитери се богатат на нивниот грб и од нивните даноци. Не ветувам невозможни работи и празни флоскули, туку конкретни реформи кои ќе овозможат парите на граѓаните кои досега се одлеваат преку корупција, ќе завршат директно во проекти за граѓаните. Јасно порачувам дека еден денар нема да дозволам да се злоупотреби од парите на граѓаните, истакна Османи.

Според него, транспарентноста не е празно ветување, туку систем и правила кои никој не може да ги заобиколи.

-Чаир ќе стане општина на граѓаните, со транспарентност, ефикасност и чесност, на 19 октомври со ваша поддршка ќе каже сите заедно „стоп на корупцијата во Чаир“, ќе изградиме општина која ќе биде пример за цела држава. Јас и тимот сме подготвени за промената што ја заслужваме, рече кандидатот за градоначалник.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчера изнесениот став на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Османи оцени дека Мицкоски е албанофоб.

-Не се изненадив од вчерашната изјава на Мицкоски по однос на неговата мисија да ја исчезне ДУИ од политичката сцена зашто по природа тој е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите. Тоа е посилно од него, но вознемирува што таа негова омраза се проектира меѓу граѓаните. Но, јас нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир, зашто во Чаир соживотот е свет. Ако Мицкоски го укинува балансерот, јас ветив дека ќе правам фонд за правична застапеност на заедниците во Чаир, ако го укинува албанскиот јазик, ние тука ќе правиме одделение за јазици, истакна Османи и порача дека Чаир ќе остане оаза на соживотот.