Општина Струмица објави конкурс на нејзината веб страница за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Во конкурсот се наведува дека предлозите треба да се достават најдоцна до 30 ноември 2026 година до 12:00 часот по пошта или лично во архивата на Општина Струмица, а пристигнатите решенија ќе ги оценува жири-комисија.
За најдобрите три решенија се предидвидени парични награди во износ од 130 илјади денари за првото, 60 илјади за второто и 40 илјади денари за третото архитектонско решение.
Плоштадот е целосно реконструиран во 2010 година кога доби сосема нов изглед со подземна сообраќајница и паркинг.

