Општинска организација на Црвениот крст Кочани денеска ја реализираше последната крводарителска акција за оваа година за вработените во Одделението за внатрешни работи – Кочани.

На акцијата крв даруваа 20 полициски службеници, од кои двајца за првпат, а истата беше спроведена со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Од Црвениот крст Кочани информираат дека во соработка со ОВР Кочани во текот на годината организираат три крводарителски акции наменети за полициските службеници.

На годишно ниво, вработените во кочанската полиција даруваат близу 50 крвни единици, со што континуирано придонесуваат во обезбедувањето крв за оние на кои им е најпотребна.

