Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Пратеничка група за соработка со парламентот на Република Турција во возвратна посета на Големото национално собрание

Делегација на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, предводена од претседателот Сали Мурати, од 1 до 5 ноември 2026 година престојува во возвратна посета на Големото турско национално собрание на покана на Ахмет Килич, претседател на меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Македонија. Во составот на делегацијата се и пратениците Никола Мицевски, Мевмед Џафери, Фатмир Битиќи, Мерита Колчи-Коџаџику и Бејџан Иљас, членови на пратеничката група за соработка.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата со претседателот Ахмет Килич и членовите на извршниот одбор на меѓупарламентарната група за пријателство биле разгледани можностите за интензивирање на соработката меѓу двете пратенички групи, размена на парламентарни искуства и унапредување на директните контакти меѓу пратениците. Соговорниците ја потврдиле заедничката определба за продолжување на редовниот дијалог и одржување на динамиката на парламентарните контакти.

Делегацијата оствари средби и со Мустафа Шентоп – поранешен претседател на Големото турско национално собрание, Акин Ѓурлек – министер за правда, Јусуф Текин – министер за национално образование, Мехмет Акарџа – главен омбудсман, Ерол Озвар – претседател на Советот за високо образование (YÖK), Зеки Левент Ѓумрукчу – заменик-министер за надворешни работи, Абдула Ерен – претседател на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Абдулхади Турус – претседател на Претседателството за Турците во странство и сродните заедници (YTB).

Реклама

– Во разговорите беше изразено задоволство од традиционално пријателските и партнерски односи меѓу Македонија и Турција, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и соработка на сите нивоа. Беше истакната важната улога на парламентарната дипломатија во зајакнувањето на меѓусебната доверба и разбирање, како и во создавањето дополнителни можности за продлабочување на билатералните односи – стои во соопштението.

Од Собранието додаваат дека посебно внимание било посветено на можностите за унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и турските инвестиции во земјата, како и на соработката во областите на образованието, правдата, културата, туризмот, безбедноста и одбраната. Била нагласена и важноста на координацијата и меѓусебната поддршка во рамките на НАТО и мултилатералните парламентарни организации, особено Интерпарламентарната унија и парламентарните собранија на ОБСЕ, на НАТО и на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Соговорниците ја истакнале одличната соработка меѓу двете земји во областа на образованието и науката, како и важноста на студентската мобилност и улогата на многуте студенти што студираат на разни универзитети во Турција и во Македонија.

На средбите станало збор и за активностите на Туркската агенција за соработка и координација (ТИКА) во земјата, која подолг период е ангажирана во земјата и има реализирано многубројни проекти по полето на културата, здравството, образованието, земјоделството и сл.

За време на престојот во Анкара делегацијата го посети мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде што положи венец. Делегацијата присуствувала и на дел од пленарната седница на Големото турско национално собрание, при што членовите беа поздравени како почесни гости на седницата.

По завршувањето на активностите во Анкара, делегацијата ја продолжува посетата во Истанбул, каде што се предвидени средби со гувернерот на Истанбул, со ректорот на Истанбулскиот универзитет и со стопанственици.

Од прес-службата на парламентот додаваат дека возвратната посета на собраниската делегација претставува продолжение на минатогодишната посета на делегацијата на меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Македонија на Големото турско национално собрание на нашата земја и потврда на заедничката посветеност за натамошно унапредување на традиционално блиските односи меѓу двете држави.