Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Членките на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески

Членките на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членките на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески, пишува во денешното соопштение на партијата.

Елена Ивановска, Генерален секретар на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

На жената не и треба машки надзор и треба почит !

Реклама

Изјавата дека на жената ѝ треба „машки надзор“ не е само несоодветна формулација. Таа отвора прашање за вредностите, сфаќањата и односот кон жената во едно современо демократско општество.

Жената не е малолетна, не е “нечие сопствеништво” и не е личност на која ѝ треба старател за да носи одлуки. Таа е самостојна личност со сопствен разум, достоинство, способности и право сама да го избира својот животен пат.

Особено загрижува кога вакви пораки доаѓаат од луѓе кои претендираат да влијаат врз општествените процеси. Јавната функција и политичката одговорност подразбираат и одговорност за вредностите што се испраќаат до граѓаните.

Мажот и жената не треба да бидат во однос на „надзорник и надгледуван“. Треба да бидат рамноправни партнери – во семејството, во општеството, во институциите и во политиката.

Наместо да зборуваме за „машки надзор“, треба да зборуваме за еднакви можности, економска независност, безбедност, образование и еднакво учество во донесувањето одлуки.

И да потсетиме:

Жените не се борат да бидат над мажите.

Се борат да не бидат под нив.

Жената не бара дозвола да биде слободна. Не бара одобрение за да биде успешна. И не бара надзорник за да биде способна. Бара само она што ѝ припаѓа – еднаквост, почит и достоинство!

Линк од фб објава:

Марија Нацева, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Неготино

Како градоначалничка и жена се придружувам кон осудите за изјавата на Петар Богојески!

И за мене, како градоначалничка и како жена се неприфатливи и потценувачки изјавите на Петар Богојески изнесени во настап на јавен медиум дека, цитирам ,, феминизмот ги направил жените да се однесуваат неадекватно бидејќи го отфрлиле машкиот надзор, па според него надзорот врз сопругата е обврска и задача на мажот.

Недозволиво е да се говори за жената за личност на која и е потребен надзор, а со тоа и да се релативизира насилството врз жените во партнерските односи.

Како жена и градоначалничка се придружувам кон бранот осуди на ваквата изјава на Богојески, бидејќи секоја жена треба да биде слободна и самостојна, да одлучува, да биде успешна и да напредува во животот.

Линк од фб објава:

Биљана Кузманоска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка

Достоинството, слободата и правото на избор на секоја жена не се предмет на “машки надзор”, ничија дозвола или контрола!

Со згрозување ги осудувам изјавите на Петар Богојески, кои се навредливи и неприфатливи во едно општество кое се стреми кон еднаквост, почит и напредок.

Жената не треба да има ничија дозвола за да одлучува за својот живот, да ги гради своите соништа, да напредува и да биде успешна. Таа заслужува почит, поддршка и еднакви можности, а не ограничувања и наметнати улоги.

Посебно недозволиво е секое релативизирање на насилството врз жените. За насилството нема оправдување, нема изговор и нема компромис!

Како жена, како пратеничка и како дел од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека имаме обврска секогаш и секаде да го креваме гласот против ваквите појави.

Нашата борба е за жена која самостојно одлучува, рамноправно учествува, храбро чекори напред и никогаш не мора да бара дозвола за да биде тоа што е!

Линк од фб објава:

Драгана Арсова, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка

Со вакви ставови не можеме и не смееме да се помириме!

Изјавите на Петар Богојески за наводната потреба од „машки надзор“ над жените се длабоко вознемирувачки и претставуваат сериозен чекор наназад во разбирањето на женската слобода, достоинство и рамноправност.

Жената не е ничија сопственост, ниту нејзиниот живот, одлуки и избори подлежат на туѓа контрола. Таа има право самостојно да го гради својот живот, да избира, да одлучува, да напредува и да зазема одговорни позиции во општеството.

Особено загрижува кога ваквите пораки се проследени со релативизирање на насилството во партнерските односи. Насилството никогаш не смее да се оправдува, прикрива или претставува како прашање на нечие толкување. За него нема оправдување!

Како жена, како пратеничка сметам дека наша обврска е гласно да се спротивставиме на секој обид да се врати времето во кое на жената ѝ се одредувало местото, улогата и границите на нејзината слобода.

Ние се залагаме за општество во кое жените добиваат можности, поддршка и почитување, а не дозволи, надзор, и потценување.

Слободата на говорот е право, но таа не ја ослободува јавната личност од одговорноста за изговорениот збор. Особено кога станува збор за пораки што можат да поттикнат дискриминација и да го нормализираат насилството.

За достоинството на жените не се преговара. И за тоа нема да молчиме.

Линк од фб објава:

Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка

Жената не е ничија сопственост и не и е потребна ничија дозвола за да биде слободна!

Последните изјави на Петар Богојески, во кои се говори за потребата од „машки надзор“ врз жените, отвораат сериозно прашање за тоа какви вредности промовираме како општество.

Во 21 век е недозволиво во јавниот простор да се промовираат ставови според кои жената треба да биде под машка контрола.

Особено загрижува секој обид да се оправда или минимизира насилството во партнерските односи. Насилството нема оправдување, а достоинството на жената не смее да биде предмет на дебата.

Како жена и пратеничка, сметам дека наша обврска е јасно да се спротивставиме на ваквите пораки. Жените не бараат привилегии, туку почит, еднакви можности и право самостојно да одлучуваат за својот живот.

Жената не е нечија сопственост, не е подредена и не е помалку вредна.

Општество кое сака да оди напред не смее да дозволи враќање на сфаќања што ја поткопуваат слободата и еднаквоста.

За достоинството на жената нема компромис. За насилството нема оправдување. За молк нема место!

Линк од фб објава:

Надица Андреев, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Како жена едноставно не можам да останам нема на последната изјава на Петар Богојески во јавноста.

Згрозена сум од тврдењата на Богојески дека на жените им требало „машки надзор“, како и обидите да се оправда или релативизира партнерското и семејното насилство. Истите ги оценувам како опасни, понижувачки и надвор од секој здрав разум и претставуваат срам за општеството во кое живееме.

Ова е директен напад врз безбедноста, достоинството и слободата на секоја жена и ваквите сфаќања и изјави директно ги загрозуваат правата за кои жените се бореле со векови.

Политичарите и јавните личности имаат одговорност да градат безбедно општество, а не да шират омраза!!!!

Линк од фб објава:

Мирела Василева, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата дека жената треба да биде под „машки надзор“ не е само навредлива, туку претставува загрижувачка демонстрација на патријархална реторика и суштинско неразбирање на човековите права.

Особено е поразително кога вакви ставови јавно артикулира личност која претендира на општествен авторитет.

Бракот не воспоставува хиерархија на моќ, ниту мажот стекнува право на контрола врз автономијата, достоинството и слободата на жената.

Да се прогласува феминизмот за виновник за женската еманципација значи да се оспоруваат фундаменталните цивилизациски достигнувања во областа на човековите права.

Во 2026 година, ваквите ставови не се израз на традиционални вредности, туку јавна легитимизација на родова нееднаквост.

И навистина е срамно што во современо општество сè уште мораме да ја браниме елементарната вистина: жената е рамноправен човек, а не субјект на машки надзор.

Линк од фб објава:

Ане Лашкоска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер во Министерство за животна средина и просторно планирање

Утрово ги слушнав и видов изјавите кои Петар Богојески ги дал за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Неверно дека е можно во денешно време, 2026-та година некој воопшто да изнесува вакви ставови.

Со 3 збора кажано: згрозувачки, тажно и страшно!

Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво.

Како потпретседателка на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ, на која Унија на жени главното мото е ,, За една повеќе”, најостро ги осудувам ваквите ставови!

По достоинството на една жена не смее да посегне никој!

Линк од фб објава:

Даниела Трпеска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Како жена, како граѓанка и како личност која верува во демократските вредности, не можам да останам нема пред изјавата на Петар Богојески дека жените треба да имаат надзор од мажите.

Ова не е само непромислена изјава. Ова е длабоко погрешен политички и општествен став кој ги потценува жените и го доведува во прашање нивното право на самостојност, достоинство и слободен избор.

Жената не е ничија сопственост. Не е малолетна личност на која ѝ е потребен надзор. Жената е рамноправен граѓанин, со право сама да одлучува за својот живот, своето тело, својата кариера и својата иднина.

Во 21 век, кога жените се образуваат, работат, раководат институции, градат бизниси и учествуваат во политиката, навистина е загрижувачки да слушаме ставови кои нè враќаат во времиња на патријархална потчинетост.

На Петар Богојески и на сите оние кои размислуваат на овој начин им порачувам: жените не бараат надзор од мажите. Жените бараат почит, еднакви можности и слобода.

Политиката треба да биде простор за напредок, а не платформа за легитимирање на дискриминацијата.

Мојот глас е јасен: Ниту еден маж нема право да биде надзорник на жената. Рамноправноста не е привилегија, туку основно право.

И нема да дозволиме некој да нè враќа назад! За една повеќе- за секоја жена повеќе почит, слобода, можности и достоинство.

Линк од фб објава:

Марија Карапанчева, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Во 21 век, ваквите ретроградни и понижувачки ставови се недозволиви. Жената не е ничија сопственост, не ѝ треба надзор, ниту дозвола за да одлучува за сопствениот живот.

Особено загрижува релативизирањето на насилството во партнерските односи. За насилството нема оправдување!

Како жена, најостро ги осудувам ваквите сфаќања. Верувам во општество во кое жената е слободна, рамноправна и почитувана.

Нашата порака е јасна: За една повеќе – за една жена повеќе која ќе одлучува, ќе води, ќе создава и ќе успева.

Жената не треба да биде под ничиј надзор. Таа има право на слобода, достоинство и сопствен избор. Тоа не е привилегија, туку основно право!

Линк од фб објава:

Анета Марковска, член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Со згрозување ги осудувам изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Жената не е личност на која ѝ е потребен надзор, туку личност која заслужува слобода, почит и еднакви можности. Особено загрижува релативизирањето на насилството во партнерските односи.

Како член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, порачувам: нема место за вакви сваќања, ниту простор за молк!

Нашата заложба е повеќе жени со можности, самостојност, достоинство и право да одлучуваат, создаваат и водат.

Линк од видео материјал: