Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Со тридневна програма Неготино ќе го одбележи денот на ослободувањето 

– Со тридневна програма, Општина Неготино ќе го одбележи 8 Ноември, денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со тридневна програма, Општина Неготино ќе го одбележи 8 Ноември, денот на ослободувањето, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева. 

– Со низа активности што ќе се одвиваат од петок до недела, Општина Неготино ќе го одбележи најголемиот празник. Настаните започнуваат во петок со доделување ваучери за новороденчиња, следува турнир во гол-бал и турнир во табла, а ќе се одржат и традиционалните улични трки за учениците од основните и средното училиште – соопшти Нацева. 

Таа сподели дека во сабота ќе започне градското првенство во брзопотезен шах, во музејот на градот ќе има изложба на ликовни уметници од општината, а во вечерните часови центарот на Неготино ќе го осветлат вечерните факели.

Реклама

Притоа информираше дека централните настани ќе се одржат во недела на 8 Ноември со прием во градоначалничката кабинет и положување цвеќе на спомен бистите на паднатите борци во НОБ, по што следува одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино во Центарот за култура од 11.00 часот.

Во рамките на празничната програма ќе се одржи и манифестацијата Неготинско младо вино на старата градска чаршија, со штандови на кои ќе бидат изложени и ќе можат да се дегустираат производи карактеристични за оваа општина, а ќе има и богата забавно музичка програма.

– Се покануваат сите, да присуствуваат на настаните од тридневната програма и да бидат дел од одбележувањето на празникот на општина Неготино – рече Нацева.