Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар – во фокусот младите, развојот на спортот и културата

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими делегациите од Србија и Босна и Херцеговина, предводени од градоначалникот на општина Стари Град Белград, Радослав Марјановиќ, како и градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан Мандиќ. Посетата беше можност, трите централни општини на главните градови од регионот да разговараат за пријателството, партнерството и конкретната соработка во областа на културата, спортот, младинската размена и урбанизмот, соопштија денеска од Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски истакнал дека оваа посетата е фокусирана пред сѐ на размена на искуства и зајакнување на соработката.

– Разговаравме за повеќе теми и за сличните проблеми со што се соочуваат нашите општини, со цел нашите општини да се приближат на европските стандарди, во сите области, од комуналните решенија па сѐ до социјалата, образованието и секојдневните услуги за граѓаните. Акцент ставивме на младинската, културната и спортската соработка, но, разговаравме и за паметни градови и современи урбани концепти – истакнал Герасимовски.

Реклама

Се нагласува дека Општина Центар со години наназад соработува со општините од регионот, со цел да се отвори простор за нови заеднички проекти, што би биле од полза на граѓаните, како и збогатување на културниот и спортски живот.