Реклама

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Македонија

Гаши: Медиумската писменост и критичкото размислување се клучни за заштита на демократијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, обраќајќи се на денешната дебата со средношколци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, обраќајќи се на денешната дебата со средношколци и пратеници, порача дека медиумската писменост, проверката на информациите и критичкото размислување се неопходни за заштита на демократијата и спречување на дезинформациите.

На настанот, организиран во соработка со британската амбасада, Институтот за комуникациски студии и Клубот на младите пратеници, Гаши истакна дека во време на огромна достапност на информации станува сè потешко да се направи разлика меѓу објективните информации, фактите и манипулациите.

Тој посочи дека младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор и социјалните мрежи, кои одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и формирање ставови.

Реклама

– Младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор бидејќи социјалните мрежи одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и обликување на нивните ставови. Затоа, заштитата од дезинформации, во суштина, е заштита на демократијата и на нашата слобода да расудуваме независно – рече Гаши.

Според него, токму тука почнува значењето на медиумската писменост и суштината на денешната дебата. 

– Целта не е да им кажеме на младите што да мислат, туку да ги оспособиме самостојно да размислуваат, да не им определуваме кому да му веруваат, туку да ги оспособиме како да ја проценуваат веродостојноста на информацијата – нагласи Гаши.

Посочи дека една од првите поуки во оваа насока ја наоѓаме во учењето на кинескиот филозоф Конфуциј: „Да не им веруваме на зборовите без претходно да ги провериме и да не заземаме страна пред внимателно да размислиме“.

Тој ги повика младите да не ја изденачуваат популарноста со веродостојноста, да ги проверуваат информациите, да бараат аргументи и да не дозволуваат брзината на нивното ширење да ја замени длабочината на размислувањето.

– Не мерете ја вистината според бројот на позитивните реакции, не мешајте ја популарноста со веродостојноста и не дозволувајте брзината на информациите да ја замени длабочината на вашето размислување. Застанете, прашувајте, проверувајте и барајте аргументи. Дури и разумното сомневање, кога нè води кон вистината, е знак на слободен ум, затоа што на едно демократско општество не му се потребни граѓани што веруваат или критикуваат сè, туку граѓани кои што знаат правилно да расудуваат и критички да размислуваат – рече претседателот на Собранието.

Гаши истакна дека Собранието треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност, но и отворена институција за младите, кои, како што рече, не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста.

– Собранието во оваа насока има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност. Исто така, сметам дека Собранието треба да биде отворена врата за општеството, особено за младите, кои не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста – рече Гаши.

Тој оцени дека на државата ѝ се потребни млади луѓе што критички ги преиспитуваат информациите, одговорно учествуваат во општеството и придонесуваат кон позитивни промени.

– Вистинската слобода не се состои само во правото да го изразиме она што го мислиме, туку и во способноста слободно да размислуваме пред да поверуваме во она што ни се кажува и да станеме робови на дефиницијата на реалноста што ни ја наметнува некој друг – истакна Гаши во обраќањето.