Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Општина Струмица објави јавен повик за вклучување на невработени во програмата за општинско корисна работа

Општина Струмица денеска објави јавен повик за вклучување на евидентирани невработени лица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица денеска објави јавен повик за вклучување на евидентирани невработени лица во Програмата „Општинско – корисна работа“ во рамките на проектот „Посветена општина – среќни граѓани“.

Како што се наведува во повикот, тој се однесува за активните баратели на работа со лиценца за негувател кои се заинтересирани за работно ангажирање од 40 работни часа неделно во период од 9 месеци во детските градинки „Детска радост“ и „Виножито“ заради стекнување практични вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.

-За кандидатот кој ќе биде избран и вклучен во Програмата се предвидува паричен месечен надоместок во висина од 24 илјади денари бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест – стои во повикот.

Реклама

Заинтересираните невработени лица пријава за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Струмица, во периодот од 02.11.2026 година до 06.11.2026 година, од 08:00 до 14:00 часот.