Во рамките на спроведувањето на Програмата IPA CBC помеѓу Грција и нашата држава – проект „Culti sport“, Општина Неготино го потпиша договорот за обезбедување финансиски средства, информираше попладнево неготинската градоначалничка Марија Нацева.
– Станува збор за средства во висина од 273.435 евра што ѝ припаѓаат на општина Неготино во склоп на имплементацијата на проектот „Поддршка на спортскиот туризам и неговата поврзаност со културата во прекугранична област“. Средствата, општина Неготино ќе ги намени за главната активност што се однесува на уредување на делот кај спортско рекреативен центар и уредување на парковска површина во негов состав – соопшти Нацева.
Партнери во проектот се општините Пела, Неготино и Солун и Олимпик музеј во Солун.

