Општина Илинден соопшти дека почна со целосна реконструкција на локалниот пат Мршевци – Дељадровци, за кој наведува дека е еден од клучните инфраструктурни приоритети и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.
Проектот опфаќа целосна обнова на патот, во должина од околу 1800 метри, проширување на постојниот коловоз и изградба на тротоар од 1,5 метар во населените делови каде што се протега делницата.

-Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека оваа инвестиција е за проект од исклучителна важност за локалното население, како и дека реконструкцијата ќе придонесе за побезбедно, побрзо и поефикасно одвивање на сообраќајот и значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу населените места. Овој проект претставува уште еден важен чекор кон градењето модерна и функционална општина и ќе придонесе за унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопшти Општина Илинден.
