Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

Општина Битола за претстојната зимска сезона и за мобилна зимска служба ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола за претстојната зимска сезона и за мобилна зимска служба ќе издвои 17 милиони денари, а од нив 15 милиони денари се наменети за градежната оператива, а два милиони денари за индустриска сол, песок-ризла и ладна асфалтна маса.

Според утврдената програма, зимската служба ќе се потпира на потенцијалот на локалните јавни претпријатија, а доколку е потребно ќе се побара поддршка и од друга градежна оператива во градот.

Со одлука на Советот на Општина Битола за сообраќајници од прв приоритет посочени се 50 улици и 14 пристапни улици до значајни инфраструктурни објекти и институции, за сообраќајници од втор приоритет посочени се 38 улици, а посебен фокус во програмата имаат и локалните патишта во руралните населени места.

Реклама

Координативното тело за организација и реализација на зимската служба очекува вклученост и на граѓаните со кои доколку тоа биде потребно во претстојната зимска сезона ќе комуницира одговорен инженер избран за реализација на програмата.