Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Онколозите бараат Клиниката за радиотерапија и онкологија да стане национален институт за малигни болести

Клиниката за радиотерапија и онкологија да премине во Национален институт за малигни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиниката за радиотерапија и онкологија да премине во Национален институт за малигни болести за да може полесно и подобро да функционира оваа здравствена институција, бараат дел од онколозите. Сметаат дека со оваа промена ќе се намали притисокот од пациентите врз Клиниката, ќе нема недостиг на лекови и ќе се намали дефицитот на медицински персонал. Овој предлог го има на хартија, ама десетина години стои во фиока во Министерството за здравство и ниту еден министер досега не го имплементирал. Онкологот д-р Милан Ристески верува дека овој план ќе направи многу позитивни промени за најтешко болните, ќе имаат поголема и полесна достапност на терапијата, а ќе се направи конечно и регистарот за малигни заболувања.

„Проблемот е во тендерирањето и достапноста, бидејќи кога помала болница ќе истендерира помалку лекови, цената е повисока. А како тоа се решава? Во 2015 година од моја страна и сегашниот директор на клиниката, д-р Игор Стојковски, и тогашниот шеф на физика, Душко Лукарски, е даден предлог до Министерството за здравство УКРО да премине во Национален институт за малигни болести, каде што и регистерот за малигни болести ќе се направи, и целата терапија ќе се направи на едно место и само ќе треба да се дистрибуира. Меѓутоа, политиката ги разводни работите, политиката си го направи своето“ – изјави д-р Ристески.

Голема кочница за лекувањето на болните од рак е тоа што не функционираат акцелераторите во неколку болници. Според информациите од МЗ, неизвесна е судбината на апаратите во ГОБ „8-ми Септември“, битолската и штипската болница, бидејќи по толку години, сега е проблем да се стават во функција, а и нема квалификуван кадар кој ќе ги работи. Овие милионски вредни акцелератори беа промовирани од неколку влади и министри, но освен сликање и ветувања, никогаш не беа ставени во функција.

Реклама

„Најдобриот акцелератор во ‘8-ми Септември’ ниту еден пациент нема озрачено. Сите министри доаѓаа, се сликаа, но никој од нив го немаше капацитет да заврши нешто. Во Штип бункерот не е ни доправен, ОЈО треба многу да истражува зошто тој проект е прекинат. Во Битола акцелераторот е комисиониран од пред 3-4 години. И таму не се зрачат пациентите… прашајте ги претходниве министри зошто не се давале овие услуги, никој не ја сноси таа одговорност“ – вели д-р Милан Ристески, онколог.

За акцелераторот во Штип, пред повеќе од 10 години почна и копање на бункер за апаратот. Но сега е обраснато со трева и воопшто не личи на место за инсталирање на софистициран апарат за зрачна терапија. За набавката на трите акцелератори кои сè уште не се во функција беа потрошени повеќе од 8 милиони евра.