Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Околу половина час се чека на премините „Дојран“ и „Табановце“ за излез од државата, намалена видливост на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.

Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 11 часот е во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци. На ГП Меџитлија (Ники) е најавено затворање на сообраќајот за товарни возила и автобуси од 12 часот.

-На граничниот премин „Дојран” сообраќајот се одвива непречено. Времето на чекање за излез од државата е 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. 

Реклама

Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат информира за намалена видливост до 50 метри поради појава на магла  на планинскиот превој Стража.

-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат, укажува ЈП Македонијапат.

Се  препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.