Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Одморалиштето на Пониква во четврток ќе ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани

Во длабоока букова шума , на околу 1600метри надморска височина, ќе продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во длабоока букова шума , на околу 1600метри надморска височина, ќе продолжи рехабилитацијата на дел од повредените во дискотеката Пулс. На планината Пониква, во одмаралиштето на МВР, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега, но и ќе пружат психолошка поддршка на повредените.

Привршуваат реконструктивните зафати во Полициското одмаралиште на Пониква. Според најавите, пациентите својата рехабилитација ќе ја започнат од четврток..

Одмаралиштето на Пониква располага со 56 кревети. Собите целосно се реновирани и обновени. Се подготвува сала за вежби.  Извршена е дератизација, дезинсекција и дезинфекција на објектот. Обновени се спортските игралишта, а обезбедени се и друштвени игри и спортски помагала, со кои ќе младите луѓе ќе може да ја јакнат својата моторика.  Овде на Пониква, ќе се реахабилитираат пациенти кои се веќе стабилизирани, но кај кои постои реална потреба за понатамошни третмани, се со цел да се намалат последиците од изгорениците. Ќе се направи план пациентите, да бидат распоредени во неколку групи и на тој начин ќе се овозможи персонализиран пристап..

Реклама

„Ќе ја обавуваат физикалната терапија на малку поинаков начин. Предвидена е и работна терапија и различни типопви на вежби за зајакнување на целокупната мускулатура. Не само на мускулатурата што е погодена со изгореници , туку комплетно на целата мускулатура, бидејќи голем дел од нив поминале долго време во болница на иста позиција„ изјави д-р Катерина Мирчовска, директор на Општа болница, Кочани.

Во моментот 45-мина се рехабилитираат во кочанската болница , а 7-мина во штипската Физикална терапија. Иако лекувањето е долго, пациентите успешно заздравуваат.

„Покрај физикалната терапија имаме и респираторни вежби, бидејќи голем дел од нив имале проблеми со дишните патишта. Во однос на нивната состојба ние активно работиме на лузните да не хипертрофираат, да растат„ изјави д-р Мирчовска.

Вчера во кочанската Болница пристигна првата пратка компресивна облека. 58-те парчиња изработени во Германија, преку донации ја обезбеди граѓанската иницијатива Support Kocani.