Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Одложено судењето за експретседателката на ДКСК Димитровска, Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството

Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено бидејќи Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за тоа кое обвинителство е надлежно за водење на постапката.

Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција или Основното јавно обвинителство. Одложувањето следува по жалба поднесена од одбраната на обвинетата Билјана Петровска-Мантева, која во овој предмет се товари за одавање службена тајна.

Димитровска е обвинета за две кривични дела – одавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

Реклама

Покрај Димитровска, на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Столевски, како и обвинетите Борче Најдов и Билјана Петровска-Мантева. Во текот на досегашната постапка Обвинителството побара предметот да се спои со случајот „Адитив“, но судот одлучи постапката да се раздвои само во однос на обвинетиот Борче Најдов.

Бранителот на Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, тврди дека информациите што таа ги споделила не претставуваат службена тајна, туку се јавно достапни податоци, а за делото поврзано со сертификатот посочува дека клучни биле безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност, а не самиот тест. Одбраната најави сведочење на претставници од АНБ и од ДКСК и очекува ослободителна пресуда.

Од Обвинителството, пак, посочуваат дека располагаат со цврсти материјални и вербални докази и дека анализата на податоците екстрахирани од мобилниот телефон на Димитровска, кои опфаќаат речиси 250.000 електронски записи, е при крај.

Ново рочиште за случајот е закажано за 18 февруари оваа година.