Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Одложен судскиот процес за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери во Штип

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември. 

Основното јавно обвинителство во Штип,  покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за ФК „Шкупи”.

Незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на ФК „Брегалница”. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели во соопштението од ОЈО од 25 август.

Реклама

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш му изрече најстрога казна  исклучување од фудбалска организација на играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор. Покрај него на уште двајца фудбалери на „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот им е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци. Казна да не игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. За овој инцидент има и мерки и за двата фудбалски клубови.