Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Мајчиниот јазик, мора да се негува посебно во време кога децата подобро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајчиниот јазик, мора да се негува посебно во време кога децата подобро го владеат англискиот, од македонскиот јазик. Инвазијата од странски зборови и користењето на модерната технологија се основните причини поради кои многу од децата ги немат совладано основните стандарди на јазикот. Затоа е потребна постојана корекција и во училишните, но и во домашните средини, порачаа македонистите, од Филолошкиот факултет, при штипскиот Универзитет.

„Се соочуваме со голема инвазија на зборови од англискиот јазик, но тоа е јазик преку кој функционира глобалниот свет и ние не можеме целосно да ги изолираме децата, но мораме барем да ги корегираме и таму кадешто имаме убави наши зборови, да може да ги употребуваат“, изјави проф. Ана Рингачева

Но, на светот му ја покажеме вистинската вредност на богатиот македонски јазик и книжевност, потребна е да се вложува во млади преведувачи, кои ќе бидат идни амбасадори на македонскиот пишан збор.

Реклама

„Постоењето на квалитетни и млади луѓе кои ќе бидат наши јазични амбасадори, е всушност едно вложување во промовирањето на македонската книжевност и една потврда дека ние сме рамо до рамо, со европските книжевници“

„Со помош на странските јазици, ние можеме културно да се натпреваруваме во светски рамки. Нашите студенти ја имат таа привилегија да имаме катедра по англиски, германскии италијански јазик“, изјави проф. Драгана Кузмановска  

На катедрата по македонски јазик при штипскиот Универзитет, на прв и втор циклус студираат над 50 студенти.