Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Македонија

Одбележување на Денот на Европа во Градскиот парк во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан по повод одбележувањето на Денот на Европа, кој годинава се одржува под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“, соопшти „Европска куќа Скопје“.

Како што најавуваат, официјално обраќање на настанот ќе има евроамбасадорот Михалис Рокас со почеток во 12 часот на сцената „Школка“. Пораки ќе бидат испратени и во најавените изјави за медиумите од евроамбасадорот Рокас, министерот за европски прашања Беким Сали и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Програмата вклучува игри и забава организирани од земјите-членки на ЕУ, катче за храна и штандови со рециклирани предмети. Посетителите ќе имаат можност за едукација за растенијата и урбаното зеленило, како и за запознавање со локални еколошки бизниси. Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и настапи во живо на танцовата компанија „Еурека“, Дина Јашари, Звада, „Конкеринг Лион“, „Дапунк и Дабл Г“, Емили Нас и Мартина Пенева. Денот на Европа ќе заврши на зајдисонце, кога зградата на Владата на Северна Македонија ќе биде осветлена во сина боја – стои во соопштението.

Реклама

Програмата ја организираат Делегацијата на Европската Унија, мрежата на „Јуроп Хаус“ и амбасадите на земјите-членки на ЕУ. Министерството за европски прашања и локалните власти се партнери на настаните што ќе се одржуваат низ целата земја во текот на месец мај, а целосната програма е достапна на социјалните мрежи и на официјалните веб-страници на организаторите.