Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Одбележување на 77-годишнината од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Модернизација на студентските програми, поголема поддршка на практична настава, воведување интердисциплинарни студии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модернизација на студентските програми, поголема поддршка на практична настава, воведување интердисциплинарни студии и подобрување на условите во студентските домови. Ова е планот на надлежните  за задржување на младите во државата.

Еден од чекорите е подобрување и модернизација на студиските програми на нашите универзитети, при што со новиот закон се предвидуваат промени во високото образование, на пример, модуларност при учење, поттипнување интердисциплинарни студии, кои се соодветни на пазарот на труд, како и разгледување на квотите за упис на одредени универзитети и факултети… Се обезбедуваат и значителен број стипендии за студентите и таа пракса ќе продолжи“ ,, изјави Јаневска.

Два од студентските домови веќе се реновирани, а со преостанатите ќе се започне од Октомври, со цел да се овозможи побрз прием на студентите и подобри услови за престој.

Реклама

„Со овој модел гарантирам дека ќе имаат домови од А категорија на европско ниво, нема да бркаат глувци, ќе имаат нормален студентски оброк, нема да се плашат кога ќе се возат со лифтовите, ќе имаат пристојни ќебиња и се што е потребно да имаат нормален студентски стандард.„

Министерката Јаневска очекува во образованието  да се слеат и дел од средствата што Европската Унија ги додели за исполнетите реформи.

Средствата што ќе ги додели Европската Унија за исполнување на чекорите од европската агенда во најголем дел ќе одат во Буџетот на државата, а за тоа колку од тие средства ќе бидат наменети за Министерството за образование и наука ќе одлучи министерката за финансии. Длабоко верувам дека ќе има разбирање, бидејќи имаме дополнителни чекори што треба да ги исполниме, а за кои не се потребни значителни средства, со цел повторно да можеме да добиваме средства од Европската Унија“,  рече Јаневска.

Пораките за модернизација на образованието и планот за реформи беа споделени на  одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ како и патрониот празник – 24 Мај.