Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Обвинителството откри детали: Истрага против 11 лица од кои седум полициски службеници

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршија претреси на 15 локации во Скопје, Штип и ГП Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две лица се недостапни на органите на прогонот.

Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници. За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, две лица сториле продолжено кривично дело Примање поткуп, додека на петмина им се става на товар дека сториле по едно кривично дело Давање поткуп, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и едно лице сторило кривично дело Фалсификување исправа.

Според содржината во диспозитивот на наредбата, осомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во Македонија непречено да го регулираат својот престој.

Реклама

Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во Македонија. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност.

Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на Македонија.

Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оцени дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.