Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

🎥 Обвинителството без детали: Случувањата во разузнавање во предистрага, повеќе не можеле да споделат

Што се случувало во Агенцијата за разузнавање минативе години? Одговор на ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што се случувало во Агенцијата за разузнавање минативе години? Одговор на ова прашање засега нема од Обвинителството за гонење организриан криминал и корупција. Од таму за телевизија Алфа единствено велат дека постапката била во предистрага и повеќе детали овој момент не можело да се откриваат.

-Во рамките на предистражна постапка што се води во ОЈО ГОКК, се врши увид во документација на АР и анализа на прибраните материјали, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во овој момент обвинителството не е во можност да споделува повеќе детали за текот на предистрагата, велат од ОЈО ГОКК.

Она што засега го знае пошироката јавност е дека обвинители и инстражители влегле во македонското разузнавање пред неколку месеци.

Реклама

Покрај во разузнавање, се уште не е познато да каде е постапката на обвинителите и во Агенцијата за национална безбедност.

Инаку, во текот на оваа недела шест пратеници, членови на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, кои поседуваат безбедносен сертификат, беа во посета и увид на двете агенции. Ова доаѓа откако беше објавен скандалот дека во периодот од 2019-та до 2024-та година имало нелегално следење и прислушување.

Според информациите во прв ред најследен бил актуелниот премиер, тогаш лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, контроверзната поранешна шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, бизнисменот Орце Камчев, новинари и други јавни личности.

Поради овие сомнежи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на почетокот на минатиот месец отвори предмет, кој е во предистражна постапка, но повеќе детали не можеа да соопштат поради тајноста на документите.

Матеја Петровски