Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Обебзеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема и доволно специјалисти педијатри ендокринолози

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но во земјава има само тројца специјалисти педијатри ендокринолози поради што е неопходно да се направи посебна супцпецијализација по педијатриска ендокринологија. Ова беше речено на денешниот настан по повод  Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата што го организира Здружението „РАСТ“ под мотото „Зборувај гласно“.

Буџетот за терапијата е 75 милиони денари и е строго наменски за Детската клиника. Цените на чинење на терапиите зависат од состојбата на пациентот и се различни за сите.

-Изминатите години зборувавме за дискриминација во лекувањето, едни деца имаа право на лекување, а други со години беа на листата за чекање. Годинава повторно е обезбеден буџет од Фондот за  здравствено осигурување (ФЗО) со што се овозможува лекување со хормонска терапија за раст на 174 деца во моментов. Не постои повеќе листата на чекање, истакна претседателот на „РАСТ“, Александар Петровски.

Реклама

И заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски потврди дека терапијата е обезбедена.

null

-Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Детската клиника и веќе нема листа на чекање. Станува збор за вкупно 174 дечиња за кои навреме е обезбеден овој хормон и на Клиниката нема листа за чекање како што беше во изминатиот период. Но, на Клиниката се реализирани и значајни инвестиции како – комплетно реновирање на енодкринолошката амбуланта и Одделот за пулмологија, а обезбедени се и нови медицински апарати со кои е значително подигнато нивото на квалитетна здравствена услуга за децата, подвлече Андовски.

Според директорот на ФЗО, Сашо Клековски, Фондот го постави нивото – мора да има хормон за раст за сите деца.

-Фондот е посветен не само оваа година, туку и сите следни години да нема листа на чекање за третман со хормон за раст. Сметаме дека ова е најмалку што можеме да го направиме за овие деца и семејства. Ова е терапија што го менува животот на подобро, овозможува нормален живот и нема зошто да штедиме или да не обебзедуваме средства за терапија, истакна Клековски.

null

Професор д-р Соња Бојаџиева од Универзитетската детска клиника укажа на потребата и важноста од воведување посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија или гентика.

-Клиниката секогаш ќе биде поддршка за децата, за овие мали херои и навистина, следен предизвик за сите професори и за Медицинскиот факултет треба да биде воспоставувањето посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија или гентика. Тоа досега го немало, рече професорката.

null

Во Македонија има пет различни хормони за раст.

-Треба да се гордееме со тоа што нема листа на чекање и што имаме избор на терапија, што е многу битно, порача Петровски, кој по повод Светскиот ден апелира родителите внимателно да ги следат децата и доколку забележат одредени симптоми, веднаш да конслутираат лекар.

Одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата продолжува во Зоолошката градина со целодневен настан.