Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Новогодишен базар во Илинден „Патека на радоста“ 2026 година

Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите во пресрет на новогодишните празници. Од утре до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ ќе се одржи Новогодишен базар со разновидна програма за сите генерации.

-Базарот, под покровителство на Општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. За најмладите посетители се предвидени средби со Дедо Мраз, Маша и Медо, театарски претстави, танцови настапи и магионичарски перформанси, создавајќи вистинска празнична магија, информираат од локалната самоуправа.

Истовремено, љубителите на современата музичка сцена ќе имаат можност да уживаат во настапи на едни од најпознатите македонски изведувачи: Тони Зен, Јанг Дади, Таско, Пајак, како Ди-Џеј Боно, што ветува одлична атмосфера, особено за младата публика.

Реклама

-Новогодишниот базар „Патека на радоста“ не е наменет само за жителите на Општина Илинден, туку со отворена покана ги очекува и сите граѓани од околните општини, за заеднички да ја почувствуваме празничната радост и да ги прославиме новогодишните и божиќните празници во духот на заедништвото! Општина Илинден ги поканува сите жители да го посетат овој Новогодишен базар, да се дружат и забавуваат во овие празнични денови, потеницраат од локалната самоуправа.