Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Ново писмо од изутрина, не престануваат очајничките обиди на Ахмети да добие внимание

Мотивација и мобилизација на „најаденото и дебело“ членство пред претстојните локални избори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мотивација и мобилизација на „најаденото и дебело“ членство пред претстојните локални избори, а не реален повик за протести. Ова, според дел од аналитичарите,  се всушност заканите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во очај и страв ги упатува на адреса на власта, а ѝ самиот е свесен дека во редовите на партијата нема гладни и незадоволни членови коишто ќе излезат на улица. А Ахмети стана особено гласен заради одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе за примената на Законот за употреба на јазиците. Во меѓувреме, голем дел од членството на ДУИ се прелеа во ВЛЕН, а на стаклени нозе му се Кичево и Струга, со тамошниот градоначалник Мерко, па оттука Ахмети нема голем избор за обид на мобилизација на и онака распаднатата партиска структура.

Недозволиво е лидери на политички партии да му сугерираат на Уставниот суд како да одлучува, а уште помалку судот да потклекне пред заканите, појаснува Ристевски.

Изјавата на премиерот Мицкоски дека веќе навикнавме ДУИ да преставува фактор на нестабилност ги налути интегративците.

Реклама

Упатија остри критики за политиката на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Според нив, власта сака да го избрише албанскиот јазик, да го отстрани срцето на Охридскиот договор и ја блокира интеграцијата на Македонија кон патот на ЕУ. Дотолку повеќе, во себе не гледаат никаква вина за создавање на биполарна држава и паралелни институции, напротив – за се тоа според Ахмети, виновна била актуелната гарнитура на Илинденска.  

После 18 години за првпат ДУИ не е дел од владиниот колач и дејствува како опозиција. Партијата почна да се распаѓа уште со излегувањето на Изет Меџити сегашниот лидер на ВЛЕН, кој успеа да придобие голем дел од членството на ДУИ.