Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Ново грозоморно видео со иживување врз животни осамна на социјалните мрежи: Автомобил влече мачка на пат

Ново грозоморно видео на кое се гледа автомобил во движење и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново грозоморно видео на кое се гледа автомобил во движење и на него има мачка, масовно се споделува на социјалните мрежи. Од видеото не може јасно да се утврди дали е брутално измачување  на животното или пак станува збор за невкусна шега или несреќен случај. Случајот е пријавен во полиција и веќе се постапува по него.

„Откако видеото било споделено на социјалните мрежи, службеници од СВР-Штип, преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

И додека полицијата го бара сторителот, но и ја потврдува веродостојноста на видеото, активисти од Здружението „Ние за благосостојба на животните „ кои го пријавиле случајот, се децидни дека случајот е еден од честите примери на мачење на животни на ваков начин, односно со врзување и влечење. Според нивните сознанија, видеото е направено вчера, на патниот правец кон планината Серта.  Велат сторителот лесно може да се открие, бидејќи се гледа неговата регистарска табличка

Реклама

„За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд во Гостивар за лице кое под исти околности влечело куче. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија имат обележје на кривично дело„Убивање и мачење животни„ и против сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност“, се вели во соопштението од Здружението „Ние за благосостојба на животните“

Изживувањата врз животни со екстремна суровост изминатиот период зачестија. Последен таков пример е бездомното куче Феликс, кое брутално беше убиено со метална шипка. Заштитниците на животни бараат  зголемување на санкциите предвидени со член 233, односно Убивање и мачење на животни. Освен поголеми казни бараат воведување на посебни кривични дела и тоа за борби со животни, напуштање на животни, како и воведување на засебна безбедносна мерка- забрана за чување на животни, за сите оние кои ќе бидат обвинети за измачување и убивање на животните.