Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Новиот градоначалник на Кочани Владко Грозданов ја презеде функцијата од Венко Крстевски

Со примањето на уверението за градоначалник, Владко Грозданов од денеска ја презеде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со примањето на уверението за градоначалник, Владко Грозданов од денеска ја презеде највисоката локална извршна функција во  на Општина Кочани. Досегашниот вршител на должноста градоначалник Венко Крстевски му ја предаде позицијата посакувајќи му добро здравје и успех во работата.

– Функцијата градоначалник ја прифаќам со голема чест и одговорност. Во овие моменти да се биде градоначалник на Кочани е сѐ, а најмалку функција. Повеќе е одговорност, обврска, завет, храброст, дури и повеќе од храброст. Му се заблагодарив на мојот претходник Венко Крстевски за досегашниот ангажман и секое добро што го има направено за овој град е за почит и за поздрав. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани што ја дадоа поддршката за мене и за мојата опција и одовде јавно сакам да истакнам дека нема да ги изневерам. Сакам да се обратам и кон сите оние што не ја дадоа поддршката за мене. Јас не сум човек што пати од суети и комплекси, мојата врата секогаш  биде отворена и за нив. Мојата врата ќе биде отворена за сите што нудат нови идеи, решенија, проекти, нови предлози за реализација за подобро утре на кочанчани. Ветувам дека ќе го вложам сиот максимум, дека ќе дадам сѐ од себе, целата моја енергија, Кочани да биде добро, солидно место за живеење – изјави Грозданов за медиумите.

Новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов по професија е доктор специјалист, а градоначалничкиот мандат го освои како кандидат на Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.