Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Нови вработувања во штипската болница и пренамена на модуларниот објект за амбулантски прегледи

Кадровски се зајакнува штипската Клиничка болница. Големиот дефицит од стручен медицински персонал,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадровски се зајакнува штипската Клиничка болница. Големиот дефицит од стручен медицински персонал, полека се пополнува. Освен вработувањето на 18специјализанти, во тек е оглас за вработување и на лекари по општа медицина, фармацевти и медицински сестри. Се разгледува можноста да биде распишан оглас и за болничари и хигеничари.

 „Осумнаесет вработувања, од кои седум се за лекари по општа медицина, двајца фармацевти и девет медицински сестри. Тој оглас е во тек. Во координација со Влада и Министерство за финансии, се разгледува доколку има можност да се распише и уште еден оглас за вработување на помошен медицински персонал, односно хигиеничари и болничари„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

За половина година, шестмина специјализанти ќе го завршат своето доусовршување, што значи дека целосно ќе биде обезбеден и кадар кои ќе работи во модуларната болница, која во моментот се преадаптира во специјалистички амбуланти каде преку Мој термин ќе се прегледуваат пациенти. Годишно  се вршат над 150.000прегледи, со што значително ќе се растерети главниот објект на болницата. Процесот за уредување е во втора фаза. Обезбеден е нов мебел. Се поставуваат клими, се врши поправка на електричната мрежа, а ќе се изгради и нов паркинг простор.

Реклама

 „Тие што се елективни пациенти со Мој термин, да бидат во горната половина на болницата, кај модуларната, додека тие што ќе бидат итни ќе бидат во делот каде сега е приемно. Со ова се надеваме дека метежот со коли што сега го имаме ќе се намали за 70% и овде ќе се создадат оптимални услови за процедури„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

По завршувањето на ковид пандемијата модуларната болница остана празна и беше честа мета на крадци и вандали. Беа украдени клима уреди, мебел, а минатиот месец беш регистрирано намерно оштетуваања во електричната инсталација што можеше да предизвикат краток спој и пожар.