Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Нови услови за земјоделски субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

Поголема површина на обработено земјоделско земјиште и поголем број на стока како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема површина на обработено земјоделско земјиште и поголем број на стока како прв критериум ѝ продадена количина на овластен откупувач како втор критериум, се новитетите во стратегијата за исплата на субвенциите за 2026 година.

Заострувањето на критериумите од Министерствово за земјоделство е со цел правилна распределба на средствата и зголемена продукција на храна. Министерот Трипуновски вели така парите ќе завршат кај вистинските земјоделци, а не кај апликанти кои не го обработуваат сопственото земјиште, а користат буџетски пари.

„За таа цел минатата година се потпиша меморандум за соработка каде што државните земјоделски инспектори од државниот земјоделски инспекторат ќе бидат ставени на располагање на платежната агенција, со цел ваквите контроли максимално да бидат спроведени на терен и да нема одлевање на вакви буџетски средства.“- вели министерот Трипуновски.

Реклама

Поради забележани низа аномалии и нерални исплати на субвенции, Министерството веќе ја изработува новата стратегија за исплата на субвенциите за следниот седумгодишен  период кој ќе започне во 2028 година.

Како појдовна точка ќе биде зголемувањето на минимум обработлива површина за некои култури и за три пати, а тој сооднос ќе важи и за кравите, козите итн.

Целта е поголемо производство на домашни прехрамбени продукти, со што Македонија од увозно зависна земја ќе прерасне во земја која ќе ги задоволи сосптвените потреби, а вишокот ќе го извесува на странските пазари.

Министерството размислува и за поддршка на земјоделицте за издавање на потребните сертификати кои ќе бидат основа за поголема конкурентност на нивните производи на европскиот пазар, а во периодот што следува ќе биде засилена кампањата за купување на производи од македонско потекло и македонскиот потрошувач да плати квалитет од домашен производител.