Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Нови пожари се шират со голема брзина – гори на шест локации, под закана неколку села

Пламените јазици не попуштаат. Од Центарот за управување со кризи, информираат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пламените јазици не попуштаат. Од Центарот за управување со кризи, информираат дека од вкупно 9 пожари на отворено, 6 се активни, 2 се под контрола и еден е изгаснат. Алармантно е во Преспанскиот регион, каде гори Паркот на природата„ Езерани.. Освен од земја, огнот се гаси и со ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Не стивнува пожарот и во општина Василево, во близина на село Нивичино, каде веќе пети ден, гори Пожарникари, војници, вработени во Национални шуми и цивили од три страни се борат со огнената стихија..

Поради ветрот и високите температури огнот брзо се шири кон радовишка и беровска страна. Со булдожери и друга механизација се прават обрачи околу сртот на планината Готен, со цел да се пресретнат пламените јазици и се спречи да се префрлат кон Берово. Најголем дел од силите се сконцентрирани кај браната Турија, во близина на Нивичино. Постои опасност огнот да се доближи до викенд куќите.

„Тоа е пожар којшто ни зазема големи размери. Во моментот онената линија од информациите што ги добив е околу 4 до 5километри. Се работи за сериозен пожар. Во текот на целиот овој ден и вчера таму дуваше ветер којшто беше со менлив правец и поради тоа нашите копнени сили не успеаја во добар дел да го стават под контрола„ изјави Кире Михаилов, зам. директор на ЈП„Нционални шуми„.

Реклама

Утринава огнот повторно се гасеше од воздух. Освен со ер трактор, од небо се дејствува и со хеликоптери. Според првичните информации само до вчера пожарот кај Нивичино пеплоса околу 250хектари нискостеблеста шума со смрека, густи грмушки и сува вегетација.

„Таму теренот е премногу лош. Станува збор за недостапен терен, тревата е висока и таму имаме вегетациј како во Дојран. Генерално тоа е најгорлив матрејал и во комбинација со ветер што го менува правецот е навистина чудо. Тоа е тешко за гледање, а камоли да се спречи. Станува збор за невидена природна катаклизма. Пламените јазици се од 5 до 10метри и кога ветрот ќе дувне истите ги спушта, ги легнува и тие зафаќаат буквално се пред нив„ изјави Кире Михаилов, зам.директор на ЈП„Национални шуми„.

Сериозна е ситуацијата и во прилепско, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешна шума и нискостеблеста вегетација. Во Македонски Брод, има две жаришта. Кај село Грешница , како и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа. во општина Желино кај село Церово, гори нискостеблеста деградирана шума. Под контрола е ставен пожарот кај село Николиќ, Дојран, како и шумскиот пожар во околината на Велес.