Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Нови авиолинии кон Италија- туристичките агенции задоволни, туризмот со нов импулс

Воведувањето на нови авио линии до Сицилија и Сардинија, наиде на одличен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воведувањето на нови авио линии до Сицилија и Сардинија, наиде на одличен прием кај туристичките работници. Летовите до Палермо и Алгеро за кои информираше министерот за транспорт и врски Александар Николовски, е исполнување на барањето на македонските туристички агенции, од пред две години, за директни летови до овие туристички места. Македонските туристи, мора да бидат поврзани со едно полетување и слетување до монденски места, сметаат туристичките работници, бидејќи така расте туризмот.

„Македонските туристи ги сакаат овие дестинации. Патуваат, но со три или четири прелети, а сега ќе има можност тоа да го прават директно. Ние агенциите сме целосно подготвени за овој предизвик. Во најскоро време ќе ги поканиме нашите стопански комори за туризам од Сардинија и Сицилија, да ја посетат Македонија, да ги претстават своите понудина поубав начин, за да можеме што подобри понуди да извадиме за македонските туристи за ова лето за овие прекрасни дестинации на медитеранот“, вели Аркан Керим, претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори (ССК).

Според комората за туризам при Сојузот на стопаснки комори, ваквите дестинации ќе значат и повеќе места за сладокусците.

Реклама

Алгеро претставува место каде што сакаат да патуваат македонците со подлабок џеб, бидејќи станува збор за најпосакуваната европска дестинација во месец август. Таму се наоѓа и вилата на Силвио Берлускони.

Туристичките работници сметаат дека оваа Влада ги слуша нивните потреби и тие сметаат дека и во иднина ќе има нови летови до нови дестинации кои ќе им го олеснат патувањето на македонсктие граѓани, кои до сега за вакви егзотични места морале да патуваат и до 5 часа, иако се наоѓаат релативно блиску до Македонија.

Според последните статистички податоци, минатата година од охридскиот аеродром дневно патувале за 16.3% повеќе патници од 2024 година, додека пак од Скопје полетале за 9 проценти повеќе патници.

Раст бележи и туризмот, па вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година.