Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прилози

Нова стратегија за ретки болести: Еднакви можности и системска поддршка за пациентите

Прва стратегија за ретки болести кој нема да го регулира само здравствениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прва стратегија за ретки болести кој нема да го регулира само здравствениот сегмент, туку и образованието и социјалните потреби. Националната алијанса за ретки болести заедно со Министерството за здравство и Комисијата за ретки болести интензивно работат на новиот стратешки документ кој наскоро треба да биде објавен и усвоен од Владата. Претставниците на лицата со ретки болести со посебна порака до институциите – ние сме граѓани кои што треба да бидеме правно заштитени и да ни бидат дадени еднакви можности како и на останатите.

„Ова ни е особено важно затоа што не сме зависни само од терапијата, туку имаме потреба за поддршка и во овие останати области. Значи, додека нашите деца се во училиште, треба некој да разбере дека имаат поинакви потреби и треба да им се дадат други можности, за да можат да го завршат образованието, за да добијат вработување во социјалата и да добијат одредени социјални права коишто им следуваат и на другите граѓани“, изјави Наташа Ангелеска, претсеателка на националната алијанса за ретки болести на Македонија.

Од здружението бараат  повеќе пари за финансирање на програмата за ретки болести, а побарале и средба со министерот за здравство Азир Алиу. Тој пак објасни дека парите не се скратени туку се прераспределени, а за разговор е секогаш расположен.

Реклама

Дополнително најдлежните најавуваат и системски решенија. Фокусот ќе биде во брзата дијагностика, што е круцијална за лицата со ретки болести, цените пристапни според потребите на граѓаните, а ќе им биде достапно и генетско советувалиште.

„Фондот за здравствено осигурување се фокусира на дијагностиката, на следењето на другите здравствени проблеми и подготовката за евентуално превземање на обврската, Во однос на дијагностиката направивме да нема граѓанин кој ќе биде вратен назад. Во ману центарот за генетика се обезбедени услови за секој еден да биде тестиран, обезбеден е и семеен паќет за тестирање за да може истовремено да бидат тестирани повеќе членови на семејството и за оваа година планираме проширување со центарот за генетика вклучувајќи и генетско советувалиште. Мислам дека тоа ќе биде значаен исчекор да лицата не лутаат со своите наоди туку треба да знаат каде да разговараат за што понатаму“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Последниот ден од февруари, единствениот редок месец со помалку денови има посебна симболика. На последниот ден од месецот се одбележува Меѓународниот ден на ретки болести со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе и нивните семејства, како и за да се поттикне дијалогот помеѓу институциите за унапредување на политиките за нивна подобра интеграција во општеството.