Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

 „Бунт на македонските работници“ – лавина од реакции по предлогот за ревизија на неработните денови

Синдикатите, работници, па речиси целокупната јавност на нож го дочекаа предлогот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите, работници, па речиси целокупната јавност на нож го дочекаа предлогот на Стопанската комора за ревизија на празниците и намалување на неработните денови. Нарекувајќи ги од несреќна изјава, па се до обвинвања за тешко нарушување на работничките права. Откако ССМ веќе до одби предлогот, вето на предлогот даде и Конфедерацијата на Слободни Синдикати. Тие тврдат дека и сегашниот број на неработни денови  е помал споредбено со земјите од Европската Унија. Кај нив  има по 7 неработни  дена  за време на Новогодишните и Божиќните празници додека пак македонските граѓани имаат едвај еден ден, а претходно не било така.

-Ако земеме во предвид дека преходно Нова Година се празнуваше два дена, се празнуваше први мај два дена. Ако земеме дека Велигден нема поместување беше 4 дена со прв и втор ден Велигден сега е Велики петок ќе видиме дека немаме повеќе неработни денови и ако направиме споредба со земјите околу нас или со земјите од Европа кои што имаат споено Новогодишни и Божиќни празници други празници денови на одмор и така натака ќе видиме дека во државата немаме многу неработни денови–вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Додаваат дека во Македонија голем број на работодавачи не им ги даваат ни задолжителните 23 денови за одмор на работниците и во најголем дел од случаите првиот дел од одморот го сведуваат на пет дена со споен викенд. Многу е важно  работодавачите  повеќе да ги почитуваат работничките права.

Реклама

-Законот за работни односи од страна на многу работодавачи не се почитува и сега сакаат уште помали права да донесат за работниците. Ако земеме дека во Србија од 30 до 35 дена одмор. Ако во Грција има 30 дена одмор  со нашите 20 кои што голем дел од работниците не ги добиваат мислам дека нема простор да разговараме на оваа тема– вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.

На социјалните мрежи пак врие. Ретко кој го подржува предлогот на стопанската комора. Повеќето граѓани сметаат дека со ова се загрозуваат работничките права.

-Плати на дно работа до плафон.

-Да се зголеми минималната плата на 800 еврa.

-А да ја прашате Стопанската комора што направила за работниците. НИШТО.

Претседателот на Владата Христиjan Мицкоски исто така е против предлогот на Стопанската Комора и смета дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат. Инаку, Стопанската Комора на Македонија  најави дека има подготвено измени на Законот за празниците. Предлогот предвидува секој вработен да има најмногу 13 неработни дена по основ на празници годишно. Исто така се предлага и празниците што паѓаат во недела да не се префрлаат како неработен ден во првиот нареден работен. Предлогот ќе биде  доставен до Министерството за труд и социјална политика. Во Македонија има вкупно 11 неработни денови за сите граѓани. Покрај нив православните верници имаат уште 5, католиците 3 а муслиманите уште еден. По еден неработен ден имаат и сите припадници на малцинските заедници.