Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

🎥 Нова потрошувачка кошничка пред стартот на школската година

Владата сака да ги заштити родителите пред стартот на школската година. Цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата сака да ги заштити родителите пред стартот на школската година. Цените мора да останат исти. Премиерот Мицкоски најавува мерки како цените не би се вивнале до плафон. Вели Владата разгледува повеќе опции, по што ќе се одбере најдобрата. Целта е семејствата да немаат зголемени трошоци во пресрет на 1-ви септември кога треба да се купи се што е потребно за да тргнат децата на училиште. Владата ги разгледува и можностите за санкционирање на оние што сакаат да профитираат на грбот на родителите. Инаку, ваква слична мерка во пресрет на 1-ви аптември, Владата имаше и минатата година.

Мицкоски вели дека Владата интензивно ги следи потезите на трговците во последните месеци, откако претходните мерки престанаа да важат. Се прави анализа за да се види кои точно производи биле поскапени и за колку, по што ќе се донесат одлуки дали да се реагира за регулирање на пазарот. Напомена дека се анализираат неколку модели коишто се покажале како успешни и дека целта е овој пат да се има целосно сценарио со кое ќе се стабилизираат цените.

-Ги следиме цените во овие два месеца откако завршија мерките и правиме анализа на се она што беше ограничено за да видиме за колку наеднаш одредени правни субјекти ги зголемиле цените. Ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажаме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку и ќе ги искористиме сите законски можности што ни стојат на располагање – вели Мицкоски.

Реклама

Инаку државната статистика пресмета дека во јуни инфлацијата изнесувала 4 и пол проценти, а цените на мало пораснале за 3,7 проценти годишно. Владата смета дека инфлацијата треба да ја доведе до 2,8% до крајот на годинава.