Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Нова аудио бомба со шокантни тврдења на лик од Битола : Вице и Трајче Заеви даваат зелени светла и делат црвени картони?!

На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу ја претера, многу, ова е дел од новата аудио бомба која денеска осамна на видео платформата YouTube.

На Чаки кој бил од ВМРО и главен бил таму, гласот од разговорот за кој медиумите пишуваат дека е Тушникот, вели дека треба да се потисне убаво.

Според информациите во јавноста двата гласа кои се во бомбата се наводно на Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот, пишуваат интернет порталите.

Реклама

Т: Сега јас тие морам да ги средам, сфаќаш. На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу ја претера, многу.

С. Ч: Кој?

Т: Чаки едно дете го викаме тука, од ВМРО е тој така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво.

С. Ч: Добро

Т: И не само тој, има јас ќе ги средам сите.

С. Ч: така

Т: Значи зелено светло ми е дадено. Рашо го знаеш ти, така?

Во разговорот понатаму се слуша и дека наводно Трајче за кој се претпоставува дека станува  збор за  братучед на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев давал црвени картони за водење бизниси.

Т: Значи јас бев во Струмица, заработив некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи таму, со адвокатот таму, еден Турчин го извадивме од притвор. Го имаа пикнато, тој не почасти еден саат, убав 30 илјади евра е тој.

С. Ч.: Добро

Т: И вложуваше. Направија една фабрика за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот, реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче.

С. Ч.: Добро

Т: Трајче му даде црвен картон и тој не може таму да работи со тоа.

Покрај бомбите каде се слуша за палење на коли на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, на друг канал се објавени два аудио фајла именувани како  „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.

Во бомбите станува збор за недоразбирања меѓу партиски членови порпратени со разговорни закани, а во вториот разговор станува збор за партиски списоци во кои се впишани вработени од Телеком.

Meри Ѓорѓиевска